Во следниот мандат на Владата која јас ќе ја предводам ќе биде влезот на нашата земја во ЕУ до 2028 година, изјави премиерот Димитар Ковчевски во интервјуто за 360 Степени на МТВ.
Тој вечерва изјави дека на претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Македонија.
– На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на РС Македонија и Влада со кои што РС Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, рече Ковачевски.
Досега се говореше дека во ЕУ ќе влеземе во 2030 година, а вечерва Ковачевски објави оптимистичка варијатна дека тоа ќе се случи до 20208 година во мандатот на новата Влада што рече дека тој ќе ја предводи.