Професорката од Факултетот за безбедност Светлана Николоска во „Клик Плус“ се произнесе за случајот со убиството на Вања и на Панче.

Николоска кажа дека не верувала дека татко може да го издаде своето дете, меѓутоа се сомневала кога ги видела кренатите палци на таткото.

-Човек кога е во долг и кога има притисок, не знае како да реагира, но верувам дека никој не може да го издаде своето дете за некој да го убие. Можеби си помислил дека нема да се случи ништо, туку дека само малку ќе ја подуплашат мајката и ќе ги даде парите. Таткото имал претходни релации со главниот осомничен, и во неговата глава е да го заштити своето дете, а не да го даде. Но, она што го видов, таткото лајкува кон новинарите, и тоа ме враќа да се посомневам на неговата психичка состојба. Дали е можно таткото да го жртвува своето дете, дали може да дозволи неговото дете да биде киднапирано се со цел да ги елиминира долговите – рече Николоска, која подоцна во емисијата кажа дека таткото на Вања делува на лабилна личност.

Николоска кажа и дека е многу чудно што осомничениот Палчо бил фатен како оди пеш на автопат.

„Палевски во Србија барал помош од Македонија, од свои пријатели. И сам е свесен дека се следат неговите телефони, и не се осудил со авион да замине во Турција. Кога дошол во Турција веќе знаел дека се трага по него, тргнал со такси кон Истанбул, и многу е симптоматично тоа што се враќал назад пешки. Човекот знаел дека ќе биде фатен, и во тие мигови не знае што со себе. Може имал намера да го собере некој по автопат. Имало случаи во кои имало прво убиство, па веднаш потоа самоубиство. Затоа во вакви случаи каде што имате жив убиец, се прави психоанализа, и што придонело кон тоа тој да стане убиец. Кажано отворено, што му згрешила Вања за да посегне по нејзиниот живот“, изјави Николоска.