Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на пензиите, два пати во годината, согласно растот на просечната плата и согласно растот на трошоците за живот. Имаме најголемо зголемување на пензиите во историјата на државата, во изминатите година и половина, од 24%. Само за споредба, ние имаме 50% зголемена минимална пензија и 50% зголемена просечна пензија во државата, порача денеска, во одговор на новинарско прашање, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

-Не е начин пред избори на пензионерите да им се ветува еднократно зголемување, туку ова е начинот каде во време на најголема криза се зголемени пензиите за толкав процент. А за идната година, во Буџетот за 2024 година, за пензиите се предвидени дополнителни 100 милиони евра повеќе од оваа година, со цел понатамошно нивно зголемување согласно Методологијата, констатираше премиерот Ковачевски.

-Антикризните мерки се во финална фаза, со нив се опфатени околу 400.000 граѓани и тука спаѓаат пензионерите кои се со пониски пензии. И утре, на Влада, доколку се биде финализирано, мерките ќе бидат донесени и ќе следува прес-конфренција на којашто ќе бидат објавени, соопшти денеска премиерот Ковачевски.