КОВАЧЕВСКИ: Уставните амандмани ќе влезат во Собрание во наредните две недели

/ 07.07.2023

Уставните измени ќе влезат во собраниска процедура во следните две недели- најавува премиерот Димитар Ковачевски, и покрај неизвесноста за неопходното двотретинско мнозинство за отворање на Уставот, објавува Канал 5.

Вели дека по усвојувањето на владина седница ќе ги објават амандманите за вметнување на Бугарите и другите делови од народи и според него јавноста ќе се увери дека се работи само за технички измени. Ковачевски смета дека изборите кои ги бара опозицијата се одвоен процес кој ќе се случи следната година во редовен термин, и оценува дека не зависат од тоа дали уставните измени ќе поминат или не.

-Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедура за истите во Собранието, таму каде што и е местото. Процесот на уставни измени не е поврзан со мандат на Влада, тој е поврзан со европската интеграција на државата и обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи европските интеграции, изјави Ковачевски.


Од истата категорија