Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на украинскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство (на Олександр Онишченко ), рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери, по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Нормално е, додаде, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.