ПАСОШ ОД МВР НА СПАСОВСКИ: Украински политичар под санкции од САД и потрaга од Украина, добил наше државјанство и ја претставувал Македонија

/ 11.11.2022

Пребегнат украински политичар, кој е под санкции на САД и по кого трага Украина, добил македонско државјанство.

За Украинецот Олександр Онишченко има потерница од Украина поради финансиски малверзации, а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“.

Сепак, сево ова не било пречка за македонската влада, без дискусија, на седница одржана на 31 мај 2022 година да му даде македонско државјанство, пишува Призма.

Како што наведува Призма во својата истражувачка сторија, Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.

Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонско знаме на натпревар во коњички скокови во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации.

Често друштво, судејќи според фотографиите на Инстаграм, му се познати личности од светскиот џет-сет. Прегрнат со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, тој му ја честита четиринаесеттата победа на Роланд Гарос, а под описот „времиња за паметење“ објавува фотографија со актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија и со нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот од НБА-лигата, Тони Паркер.

Целиот текст ТУКА.


Од истата категорија