Драга КОВАЧКИ

Денеска г-динот Пендаровски во негово соопштение сакајќи да ја префрли одговорноста на Владата затоа што не набавила лек за болните од цистична фиброза, ме квалификувал дека сум неписмен затоа што барам оставка од него.

Па Вие Пендаровски се сликавте со болните и им ветувавте дека ќе им го решите проблемот, Вие ги злоупотребивте за Ваш личен ПР, а сега бегате од одговорност. Со сила да не Ве тераше некој да ги злоупотребите болните?

Но, тоа не е ништо ново од Вас, затоа што:

1. Вие Пендаровски сте тој што ги нарече Вашите сограѓани дека се СТОКА,

2. Вие Пендаровски се откажавте од најголемиот македонски син Гоце Делчев и го нарековте дека е Бугарин,

3. Вие Пендаровски лажевте дека не сте виделе никаков предлог за надминување на спорот со Бугарија, за да само после
3 дена да потврдите дека Вие лично сте го работеле истиот тој предлог,

4. Вие Пендаровски директно се мешавте во Судството со избор на Вашиот предлог за претседателка на Судскиот совет,

5. Вие Пендаровски немавте став за издавањето на 200 македонски пасоши на терористи, атентатори и криминалци,

6. Вие Пендаровски јавно кажавте дека Вашата Агенција за разузнавање имала информации за Онишченко, но не ги дала на
АНБ затоа што не била прашана, (!?)

7. Вие Пендаровски не се качивте во авионот со покојниот Претседател Трајковски,

8. Вие Пендаровски наредивте да се извади натписот Македонија од униформата на македонските војници,

9. Вие Пендаровски јавно кажавте дека ќе сте се иселеле од државата доколку не сте Претседател,

Има уште многу, но доста е за денеска.

Вие Пендаровски сте неодговорен, немате никаков авторитет и сте потполно бескорисен на функцијата Претседател на
државата.

*Ако веќе се селите од Македонија, земете го и Ковачевски со Вас, тој секогаш кога е тешко – дезертира.