Носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обелодени информации дека ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опстукции на идната влада предводена од Христијан Мицкоски.
Ковачки во објавата на Фејсбук пишува:
Добивам информации од Министерство за одбрана дека и покрај катастрофалниот пораз на полтроните на ДУИ што освоија 18 пратеници, на заминување сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Се залажувале дека во овој меѓупериод на избор на новата Влада, делегитимираното раководство на чело со Славјанка Петровска ќе ја сменеле систематизацијата и ќе поставувале свои партиски кадри на раководни позиции.
Згора на тоа, Славјанка распишала и интерен оглас за пополна на специјалните единици, односно за спроведување на „селективен курс”.
Вака:
1. Славјанка, не ги горете луѓето непотребно, секако твоите решенија во овој период се ништовни. Ќе поништиме се’ уште првиот ден после изборот на Влада.
2. Државниот секретар кој го терате да Ви спроведува нелегитимни решенија, да си го земете таму од каде и го донесовте. За месец дена од денеска за него место во МО ќе нема.
3. Сите раководители кои се принудени да спроведуваат нелегитимни наредби на Славјанка Петровска и нејзиниот државен секретар, истите да не ги спроведуваат!
Одважете се и бидете достојни на функциите кои ги вршите. Биде професионални, а не послушници на полтроните на ДУИ.
Готово е, неспособните заминуваат и никогаш повеќе нема да се вратат!
*Во овој период може да се спроведуваат само технички активности, а не да се прави промена во систематизација, да се назначуваат раководители, како и да се започнуваат процеси или да се врши пополна на елитните единици со кадри на Славјанка, пишува Ковачки.