Нема што дополнително да се каже за нив. Тие се само едно бледо продолжение на криминалот и корупцијата и на понижувањето на достоинството на македонскиот народ, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето кој е неговиот коментар за носителите на пратеничките листи на СДС.

Ковачки посочи дека според она што е објавено во медиумите во изборната единица 3 ќе биде заменик претседателката на СДС Сања Лукаревска, за која што рече како втор човек во партијата била директно вклучена во сите предавства на македонскиот народ.

Од тоа што можевме да го видиме во Изборната единица 3 најверојатно ќе биде заменик претседателката на СДС односно втор човек, лице кое што е директно вклучено во сите предавства на македонскиот народ. Лице кое не превенира, односно не била гласна во делот на крадењето на Македонија и понижувањето. Во изминатиот период сите скандали за кои што сведочи македонската јавност можат директно да се поврзат со второто лице на СДС, рече Ковачки.