Позитивни на коронавирусот се лавовите Лео и Ајана во Зоолошката градина во хрватскиот главен град Загреб.

Како што објави хрватскиот весник Јутарњи лист, на животните вирусот им го пренел чуварот кој се грижел за нив.

Досега во Европа се регистрирани повеќе заразени животни со коронавирусот.

Кај животните вирусот се утврдува со земање брис од носот или изметот, откако ќе покажат симптоми на Ковид-19.