Алемка МАРКОТИЌ, директорка на загребската Инфективна болница и член на хрватскиот штаб за Ковид

„А на чии деца ќе ја испитаме вакцината?

Бројни вакцини се произведувани во западните земји, а испитувани во сиромашните подрачја во Азија и Африка, на сиромашни деца. Тоа мора да се испита на нечии деца, како моето дете би било сигурно кога ќе ја прими.

На чии деца ќе испитаме?

Значи, ова е првпат, овој ковид сешто извлекува, но некои работи ги става во ред.

Значи, сега се испитува и на европските и на американските и на другите деца, а не само на африканските и азиските”.

Маркотиќ, изјавата ја дала во емисија Издвоено на католичката ТВ Лаудато. Таа додава дека родителите треба да прифатат мал ризик при вакцинирањето на своите деца за да се спречи пандемијата, иако не е јасно како ќе спречите нешто со вакцина која не спречува трансмисија, туку само му дава насока на вирусот како д амутира за да ја избегне вакцината.

Изјавата предизвика бура реакции во Хрватска, некои од нив можете да ги прочитате на овој линк, но се чини Маркотиќ само е брутално искрена.