Во Соединетите Американски Држави од Ковид-19 починаа поголем број жители отколку од шпанскиот грип во периодот од 1918-1919 година, покажуваат податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Според најновите податоци на Институтот, повеќе од 675.700 луѓе заразени со новиот коронавирус починаа во САД.
Историчарите и Центарот за превенција и контрола на болести, главната американска агенција за јавно здравје, проценуваат дека од таканаречениот„шпански убиец“ настрадале најмалку 50 милиони луѓе ширум светот, вклучително и 675.000 во САД.
Така, шпанскиот грип, барем во апсолутна вредност, ја загуби титулата најлоша пандемија во поновата историја на САД.
Но, за разлика од Ковид-19, таа пандемија сериозно ги погоди возрасните групи како што се децата под пет години и луѓето помеѓу 20 и 40 години.