КОВИД 19 ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ШИРИ ВО ШТИП: 14 новозаразени, две текстилки и две деца

/ 31.05.2020

Штипскиот кризен штаб одржа состанок по денешното објавување на 14 новозаразени штипјани, меѓу кои има текстилни работнички и две деца. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека по масовното тестирање во конфекцијата од каде што почнал да се шири вирусот, но и на работниците од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси, се очекувале вакви бројки.

-Ние сега практично ги очекуваме резултатите од тестирањата кои се случија во претходните неколку дена од таа текстилна компанија, каде што и за очекување е да имаме неколку позитивни случаи. Како кризен штаб презедовме низа на мерки, направивме дезинфекции пред конфекциите, амбулантите, а денеска продолжуваме со миење на улиците и дезинфекција на детските игралишта – вели Бочварски.

Во моментот, во Штип во самоизолација се 170 граѓани, a на Инфективно одделение се хоспитализирани 15 лица.


Од истата категорија