Србија денеска го собори рекордот по број на новозаразени за 24 часа – дури 9.122 заболени од нешто над 27 000 тестирани, со што повторно се врати на процентот од 30 отсто позитивни од тестираните на дневно ниво.

Досегашниот неславен рекорд по број на новозаболени Србија го постигна на 1 декември 2020 година, кога беа регистрирани 7.999 позитивни пациенти.

Меѓутоа, кога станува збор за други податоци, денешната српска статистика е многу подобра. Податоците покажуваат дека на 1 декември 2020 година имало повеќе смртни случаи и хоспитализации. На 1 декември, пред нешто повеќе од една година, на респиратор имало дури 269 пациенти. За 24 часа починале дури 48 луѓе.

Во тоа време било преполно во црвените зони на српските болници. Хоспитализирани биле 7.499 пациенти.

Што се однесува до моменталната статистика, регистриран е далеку поголем број на заболени од тој рекорден ден досега, но освен тој број, далеку поповолни се другите податоци.

Денеска починале 19 лица, 79 пациенти се на респиратор, а во болниците има 2.199 пациенти со корона.