Нови 130 случаи на КОВИД-19, двајца починати и 152 оздравени, евидентира Министерството за здравство во последните 24 часа. Направени се вкупно 1.742 тестирања.
Од новозаболените, во Скопје се 40, во Куманово шест, во Штип 13, во Прилеп пет, во Тетово 13, во Струга четири, во Битола три, во Охрид шест, во Кавадарци двајца, во Гостивар 18, во Струмица еден, во Пробиштип двајца, во Берово еден, во Виница пет, во Делчево четири и во Кичево седум.
Починале едно лице од Скопје (70) и едно од Штип (75), двајцата во болнички услови.
Од 152-та оздравени пациенти, од Скопје се 87, од Куманово 18, од Штип 14, од Прилеп двајца, од Тетово шест, од Битола четири, од Гостивар девет, од Македонски Брод еден, од Кичево пет и од Ресен шест.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е:
• Скопје 5458, активни 905
• Куманово 1295, активни 286
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1061, активни 258
• Прилеп 370, активни 43
• Тетово 1154, активни 158
• Струга 525, активни 171
• Велес 243, активни 27
• Битола 187, активни 73
• Охрид 315, активни 72
• Кавадарци 160, активни 105
• Гостивар 678, активни 298
• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
• Струмица 53, активни 24
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 29
• Пробиштип 71, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 37
• Македонски Брод 65, активни 44
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 16, активни 7
• Валандово 7, активни 1
• Виница 56, активни 41
• Делчево 14, активни 9 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 261, активни 61
• Кичево 247, активни 128
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1742 теста се преку: ИЈЗ-550, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-139, Биотек-281, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-311, Систина со PCR метода -242, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-20, ГАК-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 127
• Аеродром – 116
• Бутел – 66
• Гази Баба – 118
• Центар – 87
• Карпош – 93
• Сарај – 26
• Кисела Вода – 69
• Ѓорче Петров – 63
• Студеничани – 30
• Шуто Оризари – 47
• Арачиново – 17
• Илинден – 11
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 10
• Зелениково – 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 1