На инфективните оддели во земјава се лекуваат 860 пациенти со Ковид-19 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 343 лица. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на интерните клиники имало еден прием. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало исто така еден примен пациент, а 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во рамки на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид – центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани шест, во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.