Новиот бран од коронавирусот зема се поголем замав, болниците се полнат со нови пациенти, мртовечниците секој ден се полнат, а Владата на Македонија се заканува со казни и до 300 евра за граѓаните кои ќе одбијат да се попишат.
Според последниот извештај на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.392 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и две деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот и 10 на ГАК .
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид – центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.