Кожна јакна што ја носеше кралот на попот легендарниот американски пејач Мајкл Џексон во 1980-тите е продадена на аукција  за 306.000 долари во Лондон.

Џексон носеше црно-бела кожна јакна во реклама за Пепси во 1984 година, прва од серијата реклами што ги сними за компанијата.

Повеќе од 200 предмети, вклучувајќи ја и јакната на британскиот пејач Џорџ Мајкл, беа продадени на аукција во Лондон, објави Би-Би-Си.

Рекламите на Џексон за Пепси најмногу се запаметени по инцидентот кога му се запали косата за време на снимање и пејачот се здоби со сериозни изгореници