Јорданскиот крал Абдула Втори ја откажа посетата на Романија во знак на протест, бидејќи романската премиерка Виорика Данчила го поддржа признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Кралскиот Хашемитски суд соопшти дека оваа одлука доаѓа во време на „солидарност со Ерусалим”, а кралот требаше да ја посети Романија денеска.

Во неделата, Данчела на конференција во Вашингтон изјави дека нејзината земја ќе ја премести Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а подоцна се обиде да ја ублажи оваа изјава, велејќи дека тоа е нејзиниот личен став.

Романскиот претседател Клаус Јоханис рече дека изјавите на Данчила за преместување на романската амбасада од Тел Авив во Ерусалим повторно покажала целосно незнаење за надворешната политика и дека таа одлука не е само во надлежност на романската влада.