Против ниту еден жител на Арачиново во моментов нема кривична пријава, не се води предистрага, ниту истрага, ниту пак има поднесено обвинение за кражба на струја.
Како што пишува порталот МКД, од ЕВН добиле потврда дека со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија.
Од ОЈО за порталот МКД рекле дека досега не била поднесена кривична пријава поврзана со интервенцијата на екипите на ЕВН во Арачиново. Обвинителството не може да постапува по допрен глас, бидејќи се потребни информации за конкретен строител, а такво нешто од ЕВН нема, пишува порталот.
Целата статија во МКД.