Само за една година, според извори во ЕВН, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион, објави порталот МКД.
Вработен во ЕВН, пишува МКД, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи.
Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%.
Истото, како што пишува порталот, се случува и во други делови од Скопскиот регион, во Сингелиќ, Серава, Грчец, Студеничани… Едноставната математика покажува дека ако се земе истиот процент на кражба на струја од Арачиново, тогаш вредноста на неплатената електрична енергија достигнува до неверојатни 50 милиони евра годишно.
За овој проблем запознати се и локалната и централната власт, но молкот и непостапувањето за овој криминал продолжува.
Целиот текст во МКД.