Американскиот пристап за напуштање на Договорот за разоружување без давање алтернатива е опасен, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател Владимр Путин за тоа денеска ќе разговара со Џон Болтон, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон.

Болтон пристигна во Москва само ден откако Русија соопшти дека ќе биде приморана да одговори за да оствари рамнотежа со САД ако Трамп ја исполни својата закана за напуштање на Договорот и развој на нови ракети.

Договорот за уништување и забрана на производство проектили со кратот и среден дострел е потпишан во 1987 година во Вашингтон меѓу тогашниот американски претседател Роналд Реган и советскиот претседател Михаил Горбачов.

Напуштањето на тој договор може да почне нова трка во вооружувањето, а денеска 87-годишниот Горбачов предупреди на можни катастрофални последици.