Нема напредок, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков, во врска со евентуалната средба меѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Тој, како што јави руската агенција ТААС, рекол дека подготовките за средбата се застанати на точка до која стигнале во телефонскиот разговор двајцата претседатели на 20 март годинава.
Како што вели Ушаков, тогаш американската страна изјавила дека е можен контакт меѓу двајцата претседатели.
Ушаков не сакал да го коментира претстојниот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а не одговорил ниту на прашањето дали е во план средба на Путин со лидерот на Северна Кореја.