На своето деби во Лигата на шампионите, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо доби директен црвен картон. Португалецот не можеше да се помири со таквата одлука, па теренот на Местаља го напушти во солзи.
Многумина сметаа дека германскиот судија Феликс Брих погреши и претерано го казнил фудбалерот на Јувентус.
Кристијано Роналдо, поради овој црвен картон кој го доби со Велсија, ќе одработи еден натпревар суспензија.
Според оваа суспензиа, Алегри на Роналдо нема да може да смета на мечот во Торино против швајцарски Јанг Бојс.