Тренер на младинскиот тим на Ливерпул, Нил Критли, кој ќе ги предводи своите фудбалери вечерва против Шурсбери во повторниот дуел од 4. коло од ФА Купот, ги сподели своите очекувања од мечот.

– Клоп ни порача: „Не менувајте ништо, продолжете да го правите тоа што го правите, вие сте прекрасни“. Тој ги поддржува младите играчи. Дури и да кога не е присутен, фудбалерите и јас самиот секогаш чувствуваме како да е со нас, изјави Критли.

Клоп одлучи да даде одмор на првиот тим и да настапува младинската екипа со нејзиниот тренер. Неговата одлука доби поддршка од управата на клубот.

Натпреварот Ливерпул – Шрусбери се игра вечер од 20:45 часот.  Клоп најави дека дуелот ќе го следи на лап-топ.

На првиот меч резултатот беше 2:2.