Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот.

– Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата  на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот Јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Од Судот посочуваат дека врз основа на решението на Кривичниот совет оформен е нов кривично правен предмет со К.бр. 416/21, а кога ќе биде насрочена главна расправа за судење, странките и јавноста ќе бидат навремено известени.