Denesen.mk
19.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НИКОЛОСКИ: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец, за превозниците решение има во дијалогот со Европската комисија

ДУРМИШИ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: Ние имаме поголема куповна моќ од Чешка, Литванија, Албанија, Црна Гора, Турција

АЛИУ: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

ОРБАН: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“

МИЦКОСКИ: Силна е пораката што се испраќа со договорот од САД кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија

Македонија

КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

/ 12.06.2019
Share
КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

НИКОЛОСКИ: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец, за превозниците решение има во дијалогот со Европската комисија

МИТЕВА ДО ЖЕРНОВСКИ: Не сте воопшто информиран за случувањата со владиниот авион, се е согласно правилникот

ДУРМИШИ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: Ние имаме поголема куповна моќ од Чешка, Литванија, Албанија, Црна Гора, Турција

СТОЈАНОСКА: Парите за минималецот може веднаш да се најдат, дел на Водно кај хациендите на Филипче, дел во Дубаи и дел во Струмица

ЈАНЕВСКА: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд

МУЦУНСКИ ОД ТИРАНА: Како централна точка на Коридорот 8 остануваме целосно посветени на неговата реализација

Најнови вести

СВ. ВУКОЛ СМИРНЕНСКИ: Ученик на Св. Јован Богослов, кој го посвети за епископ на Смирна


СВ. ФОТИЈ ЦАРИГРАДСКИ: За шест дена ги помина сите чинови од лаик до патријарх


КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. Фотиј Цариградски и преподобен Вукол Смирненски


НИКОЛОСКИ: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ