Denesen.mk
27.10.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НЕОФИЦИЈАЛНО – едно лице е приведено за двете убиства во Скопје!

МИЛОШОСКИ: Потребна ни е посериозна, позрела опозиција со посилен потенцијал

МИЦКОСКИ: Нема силна економија без силни компании, но ниту успешна држава без работници чиј труд е праведно вреднуван

НИКОЛОСКИ: Извозот е број еден приоритет за домашната економија, а наша задача е во следниот период да ги одржиме овие цени

СТОЈАНОСКИ: Решаваме децениска неправда со предлог-законот договорните ангажмани да се заменат со редовен работен однос

Македонија

КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

/ 12.06.2019
Share
КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски изгледа вечерва дежура во СДСМ, заборава дека Заев што фати – исуши

НЕОФИЦИЈАЛНО – едно лице е приведено за двете убиства во Скопје!

ПЕТИР: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

МИЛОШОСКИ: Потребна ни е посериозна, позрела опозиција со посилен потенцијал

Во Собранието продолжува дебатата по предлог-ребалансот на буџетот

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Најнови вести

Голема излезност на парламентарните избори во Израел


АЕК Ларнака подобра од МЗТ во Скопје


Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот


ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски изгледа вечерва дежура во СДСМ, заборава дека Заев што фати – исуши


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ