Македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков, во статија објавена во 1925 година, во весникот Илинден, недвосмислено им порачува на тогашните бугарски власти да Македонците да бидат Македонци.
Дајте ни да се нарекуваме Македонци, без додавка Бугари, пишува Мисирков.
– Крсте Петков Мисирков во своја статија јавно барал “Дајте ни да се нарекуваме Македонци, просто Македонци, без додавката Бугари”
(“Патот на помирувањето”, Крсте Петков Мисирков, весник “Илинден”, V, број 4, 30 јануари 1925 година), пишува на документот кој е објавен на Фејсбук страницата на Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia.
Ова е уште еден прилог кој ги урива бугарските тези за Македонците како „коминтерновски и титоистички производ“.