Вооружени лица нападнале синоќа луѓе во црква во провинцијата Јага во Буркина Фасо за време на верски обред,при што најмалку 24 лица загинаа. Напаѓачите побегнале од местото на нападот и го зеле пасторот за заложник.

Вонредната состојба во Буркина Фасо, што требаше да биде на сила до 12 јануари, е продолжена за уште една година за да се зајакне борбата против тероризмот.

Во моментов, вонредна состојба е на сила во седум од 13-те региони во државата.

Во изминатите четири години, речиси 700 луѓе се убиени во напади на вооружени групи и организации во земјата, и има над 270.000 се раселени.