Тренерот на Барселона, Роналд Куман не е задоволен од исклучувањето на Пике на вчерашниот натпревар со Ференцварош во Лигата на шампионите.

– Среќен сум, бидејќи имаше моменти кога игравме многу добар фудбал. Најдоброто од натпреварот беа првите 25 минути. Покажавме дека имаме многу добри играчи во нападот кои можат да ги покажат своите вештини. Меси направи две асистенции. Што се однесува до црвениот картон на Пике, ќе кажам дека е престрога казна. Исклучувањето беше претерано. Но, треба да се забележи и како тимот играше со фудбалер помалку, нагласи Куман.

Барселона победи со 5:1, последните два гола ги постигна со играч помалку.