Фудбалерите на Валенсија се пласираа во финалето за Купот на кралот, откако вечерва како домаќини во реваншот од полуфиналето го победија Бетис со 1:0.

Одлучувачкиот гол го постигна Родриго во 56 минута по асистенција од Кевин Гамеир.

Во првиот натпревар во Севиља резултатот беше 2:2. Бетис ја прокоцка шансата на свој терен, ладе што водеше со 2:0, но „лилјаците“ успеаја со пресврт да дојдат до реми.

Валенсија во финалето ќе се бори за трофејот со Барселона, која вчера (среда) го победи Реал во Мадрид убедливо со 3:0, а претходниот меч на Ноу камп заврши нерешено 1:1.

Финалето ќе се игра на 25 мај на стадионот на Бетис во Севиља.