Австрискиот канцелар Себастијан Курц апелира да не се дозволува бродови со мигранти да стигнат до Европа.
И додека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека ќе ги врати мигрантите директно во Либија, ако другите земји-членки на ЕУ не сакаат да ги прифатат, Курц се изјасни дека на бродовите што доаѓаат од Африка не смее да им се дозволи да впловат во земјите-членки на ЕУ.
Курц, по телефонскиот разговор со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, пренесе дека постои согласност на бродовите со бегалци да им се оневозможи да стигнат до Европа.
– Тие бродови треба да се сопрат веќе на надворешната граница на ЕУ и мигрантите се вратени во земјата на потекло или безбедно трета земја на африканското копно, побара тој.
Курц рече дека тој и неговиот малтешки колега го делат истиот став дека не секој брод може да вплови во ЕУ. Другите земји-членки на ЕУ, според него, не треба да дозволат бродови од Северна Африка да впловуваат во Унијата.