Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека Виена ќе затвори седум џамии во Австриија и ќе ги протера имамите кои се финансирани од странство, со цел борба против „политичкиот ислам“.

Затворањето на џамиите ја вклучува и таа во Виена која ја води турска крајно десна организација, како и уште шест кои ги води арапската верска заедница, изјави Курц на средба со новинарите.

– Во нашата земја нема место за паралелно општество, за политички ислам и за радикални трендови, рече Курц.

Министерот за внатрешни работи, како што јави Франс прес, појаснил дека ќе бидат протерани шеесетина имами и нивните семејства, од околу 260 колку што ги има во Австрија.

Причина за затворањето е тоа што спорните џамии и имами биле финансирани од странство, а тоа со австриските закони е забрането.

Курц појасни дека одлуката е поврзана со контроверзната смотра на деца облечени во воени унифроми од вемето на Отоманството во една од најголемите џамии поврзана со турската заедница.

„Паралелни општетства, политички ислам и радикализација немаат место во нашата држава“, рече австрискиот канцелар на прес-конференција.

Фотографии од историската битка на Галиполе, која беше носена од децата во џамијата, е јавно објавена на почетокот на месецот и предизвика реакции кај австриските политичари.

На сликите момчиња облечени во разни носии наредени во строј отпоздравуваат пред турското знаме додека пред нив се група деца. На друга фотографија лежат деца преправајќи се дека се загинати во битката, а нивните тела се покриени со турски знамиња.

Џамијата е раководена од Турската унија во Авсрија и во нивната реакција се наведува дека презентацијата била „несреќна“.