По задушувањето на македонското Илинденско востание, весникот „Куриер“ (Куриеръ) објавил статија со повик до Македонскиот народ да ги надмине невидените поделби за да се одбрани од обидите за негова асимилација и да ја зачува целовитоста на Македонија.

Весникот пишува дека доскоро верувале ќе се најдат искрени патриоти кои ќе се огласат против поделбите кај македонскиот народ, какви што досега немало во историјата, и дека сите Македонци ќе работат заедно, без разлика на нивните убедувања, во полза на народот и на „таковината Македонија“.

Македонците не треба да им се обраќаат на други со молби за помош за да се ослободат, пишува весникот, затоа што едно ропство ќе се замени со друго, кое може да биде дури и полошо, туку тие самите треба да бидат ковачи на својата судбина.

Весникот пророчки порачува дека и покрај невидено тешката ситуација во која што се нашол македонскиот народ, тој сепак може да оствари самостојност, но под два услова: Неговите водачи да се воспитани во духот на македонскиот идеал и да умеат да воспостават единство меѓу народот.

– „Под закрилата на слободата, македонскиот народ може самостојно да суштествува и слободно да се развива културно и економски само ако неговите водачи се сестрано воспитани во вишите етнички идеи и само ако можат да доведат единство во мислите и идеите на својот народ“.

Размислите и пораките на тогашните македонски интелектуалци и патриоти се актуелни и денес.

ИЗВОР: „Куриеръ”, София 14 Ноемврий 1904 год., брой 13, стр.