Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не добил никаков ултиматум од САД и ЕУ за ситуацијата на северот на Косово.

Тој рече дека на средбата со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, „нудел безбеден излез“ од кризата на северот за која рече дека е предизвикана од додадените, нелегални структури на Србија, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Коха“.

„Не добив никаков ултиматум, се сретнавме и разговаравме со емисарите и понудив безбеден начин да имаме стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегални структури. Прво, владеење на правото, имавме десетици војници на НАТО, косовски полицајци и новинари кои беа жртви на невидената бруталност на насилните екстремисти“, изјави Курти за новинарите.

Тој рече дека работите не се решаваат со притисоци или со споменување на последиците.

„Мислам дека овие работи не можат да се решат со притисок или спомнување на последиците, а можеби дури и со санкции на најдемократската и најнапредна држава на Западен Балкан“, рече премиерот на Косово.

Тој посочи дека односите на Косово со САД се одлични, но дека косовските власти мора да бидат внимателни кога американскиот претставник бара нешто поврзано со односите со Белград.

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, има два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.