Голманот на Реал, Тибо Куртоа, призна дека го напуштил Челзи поради поголемата конкуренција која ја има во „кралскиот клуб“.

Белгискиот голман смета дека конкуренцијата е здрава и придонесува за повеќе работа. Куртоа верува дека мадридскиот тим стана посигурен по отпуштањето на Јулена Лопетеги.

– Единствената разлика по отпуштањето на Јулен Лопетеги е дека сега имаме повеќе самодоверба. Претходно, Реал често немаше среќа, но и примаше наивни голови, а не ги реализираше своите шанси. По доаѓањето на Солари на тренерската позиција работите се сменија. Имаме четири победи по ред. Располагаме со квалитетни играчи. Конкуренцијата за  секоја позиција е голема, што силно ги мотивира играчите. За ова дојдов тука, изјави Куртоа.

Тој оваа сезона бранеше на 11 натпревари за Реал Мадрид и прими 15 гола.