Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека не го засегаат критиките и дека тој е еден од најдобрите голмани на светот.
– Не го читам печатот, внимавам само на зборовите на тренерот или соиграчите. Како можат да знаат како сето тоа функционира кога не биле голмани. Не се сомневам во моите способности. Јас сум еден од најдобрите голмани на светот, и затоа ме критикуваат. Играм на добро ниво, ова е добар почеток на сезоната, треба да продолжиме така, изјави Куртоа.
Пред Реал, белгискиот голман бранеше за Атлетико Мадрид, Челзи и Генк.