Европскиот ракометен првак Вардар на гостувањето кај Киелце ќе биде ослабен, откако со тимот за Полска не отпатува Даинис Кристопанс.

Летонецот се здоби со повреда на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата.

Тој не настапи во Скопје против полскиот првак, а го пропушти и дуелот во СЕХА со Мотор Запорожје.

Натпреварот меѓу Кјелце и Вардар се игра во сабота од 18:00 часот.