Белгискиот голман Тибо Куорт по натпреварот од Лигата на нации против Швајцарија (2:5) рече дека тимот се опуштил откако постигна два гола на почетокот на средбата.

Според него, овој пораз треба да биде лекција за во иднина.

Почнавме добро, постигнавме брз гол, а потоа и втор. Потоа застанавме. Направив лупав прекршок во сопствената казна. Така неочекувано Швајцарија доби надеж. Мислам дека кога резултатот беше 2: 0, имавме чувство дека победата е веќе во нашиот џеб. Но, тоа не беше пријателска средба. Поразот и загубеното место во полуфиналето ќе ни биде поука за иднината,изјави Куртоа.

Во  втората група од А-лигата на Лигата на нации, Швајцарија заврши на првото место со двеет бода, пред Белгија која исто така има девет и Исланд без бод.