Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Пол Гаскоњ (51) една жена го обвини за сексуален напад извршен во воз, соопшти денеска полицијата во Лондон.

Случајот датира од 20 август, кога поранешниот фудбалер на Њукасл, Тотенхем, Лацио и Ренџерс бил уапсен на станица во Дурам, поради жалба од жена која патувала во истиот воз.Нему му се заканува обвинение дека „вознемирувал и недолично допирал жена“. Расправа за инцидентот е закажана во суд на 11 декември.

Во 57 натпревари за дресот на англиската репрезентација постигна 10 голови.  Кариерата му беше обележана и со зависност од алкохол и дрога.