Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Гибралтар во натпревар од последното, шесто коло во Лигата на нации.

Иван Тричковски кој беше стрелец на гол на првиот натпревар во Гибралтар ги повика навивачите на „црвено-жолтите“ во што поголем број да дојдат на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

– Очекувам посветеност од сите нас да биде на највисоко ниво. Само така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно против дефанзивни селекции. Како и да е, имаме историска шанса за пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме, изјави Тричковски.

Натпреварот Македонија – Гибралтар се игра вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.

Во пресрет на последното коло во Групата- 4 од Д-лигата, Македонија е прва на табелата со 12 бода, Ерменија има 9, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3.