Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска постигна 51 поен и забележа осум скока предводејќи го својот тим до победата над својот поранешен клуб Мајами Хит.

Уште еден пораз, трет во низа претрпе шампионот Голден Стејт, додека Орландо и Портланд беа поуспешни од своите ривали.

Резултати на четирите натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска:

Мајами – ЛА Лејкерс 97:113
Орландо – Њујорк 131:117
Вашингтон – Портланд 109:119
Сан Антонио – Голден Стејт 104:92.

Портланд е нов лидер во Западната конференција со биланс 11-5 (победи-порази), Голден Стејт со ефект 12-6 падна на втората позиција.

На Исток води Торонто со 13-4, пред Милвоки со биланс 11-4.