Горан КУЗМАНОВСКИ, ВМРО-ДПМНЕ, Кавадарци

СДСМ повторно на дело го покажува своето лицемерие спрема кавадарчани.

Со исплатата на ветените два денари на лозарите за килограм предадено грозје, СДСМ врши класичен политички поткуп.

Доколку вистински сакаа да им помогнат на лозарите зошто се чекаше да почне предизборната кампања па да се исплатат овие средства. Зошто не се исплатија овие пари пред еден месец или за св Трифун кога лозарите, ги бараа овие средства.

Гледаме дека во текот на вчерашниот ден министерот Трајан Димковски, а и кандидатот за пратеник од СДСМ Панчо Минов преку политички изјави се обидуваат да извршат политичко влијание користејќи ја исплатата на парите кон лозарите.

Со изјавата на претседателот на здружението Напредни лозари Трајче Кулев кој наместо заштитник на лозарите излегува дека е полтрон на министерот Трајан Димковски, можеме да забележеме дека оваа влада нема идеи за откупот на гројзето од оваа реколта, а здружението Напредни лозари и Трајче Кулев се само параван за да се сокрие неспособноста на оваа влада со лозарството.

Затоа го прашуваме министерот Димковски, која ќе биде цената на грозјето оваа година?

Зошто винариите не потпишуваат договори со лозарите за сортите вранец и смедеревка?

Дали заборавија на ветеното дека владата ќе биде посредник помеѓу лозарите и винариите и цената на грозјето и количините кои ќе ги откупуваат винариите ќе се знаат уште во месец февруари.

Почитувани граѓани,

Не потклекнувајте на зборовите на Панчо Минов и Трајан Димковски.

Субвенциите се ваши загаранитрани средства и ниту една политичка партија да ви ги злоупотреби и исполитизира.

Затоа сите заедно на 15 ти јули да излеземе на избори и конечно да ги испратиме Панчо Минов и Трајан Димковски во политичка пензија.
За доброто лозарите, за доброто на Македонија Обновата доаѓа! ВМРО-ДПМНЕ победува.