Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака. Цела година помина, а само 30% од податоците за ажурирање на катастарските парцели во СИЗИП и ЕРЗС е завршено.

Крајниот рок за ажурирање на податоците е 30 јуни. Власта има уште 5 дена, а цели 70% за ажурирање. Ова е доказ за неспособноста на менаџментот на МЗШВ. Заради кои земјоделците ќе останат без субвенции.

Што правеше власта цела година и зошто се доцни со ажурирањето на податоците?!

Дополнително треба да имаме во предвид дека креирање на е–барања за директни плаќања од Програмата за 2020 година е до 31 јули 2020 година.

Роковите притискаат, а СДСМ се неспособни.

Мора итно да биде продолжен рокот за ажурирање, но истовремено и да се утврди одговорност за ова доцнење и ненавремено извршување на задачите и тоа кај раководните лица во МЗШВ.

Земјоделците не се должни да ја трпат неработата на пајташите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, кои ги плаќаат од својот џеб за да работат за нив, а не за партијата.

Уште еднаш потенцирам, дека за ваквиот тип на неработа одговорност со сигурност ќе биде побарана по промената на власта. Никој не смее да си поигрува со земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, план за обнова на земјоделието.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Кабинет на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски