Денеска ќе се одиграат 10 натпревари од 4 групи во квалификациите за ЕП 2020.

Со нив ќе заврши претпоследното деветто коло од борбата за пласман на завршницата на ЕП, а списокот на учесници ќе биде дополнет со уште неколку екипи.

Други, пак, ќе ги загубат шансите да бидат меѓу финалистите на првенството на Стариот континент.

Репрезентацијата на Македонија вечерва во Виена од 20:45 часот играат против Австрија. Без многу првотимци кои недостасуваат поради повреди и картони, селекторот Игор Ангеловски со својот стручен штаб ги изработија последните подготовки пред денешниот натпревар.

Нашиот тим нема шанса за пласман на првите две места кои носат на Европското, но се уште е во игра пласманот на третата позиција на табелата во Групата „Г“.

Квалификации за Евро 2020, 9. коло:

Група „Ц“:

Германија – Белорусија
Северна Ирска – Холандија

Група „Е“:

Азербејџан – Велс
Хрватска – Словачка

Група „Г“:

Словенија – Латвија
Австрија – Македонија
Израел – Полска

Група „Ј“:

Кипар – Шкотска
Русија – Белгија
Сан Марино – Казахстан