Крилото на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека не е близу до ставање на крај на неговата кариера и се спореди со квотербекотна Њу Ингланд Петриотс, Том Брејди, кој продолжува да игра на 42-годишна возраст.

„Кралот“, кој се приклучи на НБА како прв избор на Кливленд Кавалирс во 2003 година, за евентуално откажување зборуваше пред новинарите по вестите за враќањето на Кармело Ентони во лигата. 35-годишниот кошаркар, кој исто така беше на „Драфтот“ во 2003 година, не играше една година, а многумина сметаа дека неговата кариера е завршена.

На прашањето на новинарите дали има намера да се повлече во скоро време, 34-годишниот кошаркар рече самоуверено: „Не сум близу до крајот на мојата кариера. Значи, одговорот е не, јас не се чувствувам блиску да се откажувам. Јас и Том Брејди сме од иста раса. Ќе продолжам да играм сè додека не можам да одам. Се додека се чувствувам одлично и додека сè уште можам да играм на високо ниво … Јас ќе продолжам да играм кошарка додека моето тело и психа тоа го дозволуваат. Тогаш можеби ќе дојде тој момент – немам идеја кога ќе се случи тоа, но сè уште сум далеку од размислување да се откажам, сподели тој пред дуелот Лејкерс против Сакраменто Кингс.

Џејмс доминира на почетокот на новата кампања, а Лејкерс се радуваат на силен старт и на прво место на Западот.