КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП ВО РАКОМЕТ: Со Романија во Скопје на 17 март, на 19 гостување!

/ 10.02.2022

Македонската машка ракометна репрезентација, првиот бараж за СП во Шведска и Полска ќе го игра во март, против селекцијата на Романија.

Познато е дека воведниот меч ќе се игра во Скопје додека реваншот во Букурешт.

Македонија на 17 март ќе биде домаќин во „Борис Трајковски“ а ќе гостува во Романија на 19 март.

Победникот од овој бараж двомеч го очекува двомеч со Чешка во вториот бараж, а победникот од тој двојбој ќе се најде на СП следната година.


Од истата категорија