Аргентинскинецот Лионел Меси, ја освои својата шеста „златна копачка“ во кариерата.

Меси до оваа награда дојде по успешната игра оваа сезона во Ла лига, каде во 34 натпревари постигна 36 голови. Зад него, со четири  голови помалку, остана Килијан Мбапе, кој на последниот натпревар и пораз на ПСЖ успеа да постигне само еден, иако му беа потребни пет голови.

Аргентинецот воедно стана и вториот најстар фудбалер што ја освоил „копачка“ и тоа на возраст од 31 година, 11 месеци и 25 дена. Рекордот се уште го држи Хуго Санчез кој бил месец дена постар од Лионел кога ја освоил оваа награда во 1990 година.

Сепак, откако ја прими наградата, играчот на „каталонците“ призна дека не размислува за „златната копачка“ ниту за себе, и дека се уште се присетува на болниот пораз од Ливерпул.