Продукциската куќа Лајонсгејт најави „женско продолжение“ на филмскиот акционен хит-серијал „Џон Вик“.
Режисерската палка му припадна на Лен Вајсмен. Во оригиналните три дела, главната улога ја имаше Кијану Ривс. Четвртиот филм е насловен „Балерина“. Познато е и дека сценариото ќе го пишува Шеј Хатен.
Проектот е во претпродукција и не се откриваат повеќе подробности.